Убавина

Усни создадени за бакнежи…

Уште многу одамна сјајните, меки и миризливи усни, на жените им давале самоуверен и заводлив изглед. Уште во древен Египет, се спремала црвена смеса, која на усните се нанесувала со стапчиња од трска. Од тогаш, до појавата на легендарната Хелена Рубинштајн, кармините беа исклучиво во црвена боја. Таа направи револуција, внесувајќи разни нијанси. Притоа, при нивниот избор, треба да се води сметка за тенот и бојата на коса…

Пастелните, розови бои, убаво им прилегаат на блондинките, сите нијанси на црвена на бринетите, а бојата на тула и портокал, на црвенокосите… Еве неколку совети со кои нема да погрешите…

* Ако веќе утврдите дека сте ја промашиле нијансата, немојте да го фрлате или поклонувате кармнинот. Комбинирајте го со други бои, ќе создадете идеална…

*Доколку имате суви усни, не користете хидратантна крема како подлога. Таа може да ја промени нијансата на кармин. Користете посебни средства кои ги омекнуваат усните, ја фиксираат бојата на кармин или бирајте исклучиво кремасти, хидратантни кармини.

*Кога преку текот на денот, бојата на кармин ќе избледе, со марамче отстранете ги остатоците од претходниот слој, па нанесете нов.

* Не пробувајте со кармин да прикриете херпес, така само ќе ја проширите инфекцијата. Чекајте раничката да зарасне, потоа прикријте ја со коректор.

Write A Comment