Прекрасните бели плажи и природната убавина се главни сојузници на оваа егзотична земја…
Жителите на Домениканската Република се сметаат за најгостољубивиот народ на Карибите. Главен град е Санто Доминго, кој се наоѓа под заштита на UNESCO , поради културното богатство и специфичната архитектура. Градот е основан од страна на првите жители на Европа кои го доселиле овој дел од светот.
Целата земја може да се подели на полуостровот Самана, на северен, јужен и источен брег и на внатрешност. Полуостровот Самана е најегзотичниот дел од Доминиканската Република. Бескрајните егзотични плажи со кокосови палми, гордо исправени над тиркизното море, даваат чувство на бајка…
Санто Доминго низ вековите доживеал бурна историја. Основан е во 1946 година од страна на Бартоломеј Колон, брат на Колумбо. Овде е изградена и првата катедрала во Новиот свет, првиот манастир, универзитет и болница. Во 1526 ова место било срамнето од катастрофален земјотрес. За време на 17 век наизменично било напаѓано од британски и шпански сили, по што следува паѓање под власт на Хаити. Денес, Санто Доминго е метропола со 2,5 милиони жители, музеи, богат ноќен живот, ресторани…











