Машките фризури за 2012 година се инспирирани од старите времиња, па дури и од 20-те години на минатиот век, а некои се правени по пример на некои рокери.
Има неколку фризури кои се модерни според стилистите. Ова се некои од нив:
Кратка одзади и од страните. По пример од 20-те и 30-те на минатиот век модерна е оваа фризура во која косата е кратки од страните и одзади, а на врвот од главата косата е подолга, и тоа колку подолга толку полесно ќе може да ја чешлате наназад.
Брит-рок.

Ова се фризури по пример од британските рокери. Од страна е многу кратка, а на врвот е долга и разбушавена. На оваа фризура и прилегаат и шишки кои се носат на страна.
По пример на Елвис Присли и Џејмс Дин.

За да ја направите оваа фризура задолжителен е восокот. Треба да имате должина за да успеете во тоа.
Должина до рамена.

Изгледот на грчките богови никогаш не излегува од мода.
