Сакате ли убава и средена фризура кога ќе станете од спиење? Епа сега и тоа е можно. Ви требаат само пет минути пред да си легнете, за да ги подготвите малите пунџички. Поделете ја косата во прамени, и секој прамен убаво извиткајте го. Замотајте го во пунџичка и прицврстете го со шнола. За да имате поголем ефект убаво би било да ја напрскате косата со средство за полесно оформување на локни. Преспијте. Утрото отпуштете ги пунџите и растресете ја косата. Вие сте веќе спремни:)

