Брендот ни го носи пролетниот машки дизајн со големо влијание на ретро стилот, што лесно може да се види од боите и дезените во кои е создадена целата колекција. Поточно станува збор за обновување на стилот на 60-те години. Моделите се крајно едноставни, модерни и го откриваат основниот правец во кој е насочена машката мода сезонава.








