Брзи,преслатки, заводливо интригантни топчиња со кои уживањето во вкусот е загарантирано!!!
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
100 грама чоколадо за готвење
5 лажици неутрална павлака
30 грама сечкани бадеми
2 лажици кандирано мешано овошје
30 грама пржен сусам
Малку какао во прав
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Чоколадото искршете го и во сад истопете го на пареа со постојано мешање. Потоа додадете ја павлаката, сечканите бадеми и кандираното овошје и измешајте ги состојките за да добите компактна маса.
Оставете смесата да се олади, потоа формирајте топчиња и по желба извалкајте ги или во претходно испржениот сусам или какао во прав.
Служете те ги со чај или кафе.
Уживајте!!!
