Масната кожа е проблем со кој се соочуваат многу луѓе бидејќи масната кожа е најпроблематичниот вид на кожа. Сепак, може да го решите проблемот со масната кожа и со неколку природни состојки:
Масло од чајно дрво: Еден од најдобрите дарови на природата за нега на кожата. Се употребува во најголем број продукти наменети за лечење на акни. Маслото од чајно дрво го контролира лачењето на себум и со тоа го намалува непријатниот сјај, ги уништува бактериите и ја лечи кожата. Исто така корисно е и при убод од инсект, брадавици, плускавици и разни нафрлувања на кожата.
Масло од семки од грозје: Ова масло има хидратантно дејство. Се употребува најмногу како масло за масажа. Кремовите против стареење содржат маслото од семки од грозје. Маслото од семки од грозје ја затегнува кожата и поради тоа е важна состојка на продуктите за кожа, кои ѝ даваат мат изглед.
Цинк оксид: Овој природен минерал ја заштитува и лечи кожата. Тој има антибактериски и антивоспалителни својства и поради тоа е основна состојка во многу продукти за нега на мрсна кожа. Цинк оксидот го контролира лачењето на себум. Затоа, тој се среќава во многу пудри за лице.
Термална вода: Таа содржи магнезиум, калциум, железо, цинк и други специјални состојки и има неверојатно дејство во негата на кожата. Докажано е дека термалната вода има антивоспалително дејство и им помага на жените со чувствителна кожа. Употребата на термална вода воопшто не е нешто сложено. Напрскајте го лицето со вода и по неколку минути избришете го.
