Доколку сте фанови на ретро стиловите од средината на минатиот век, тогаш дефинитивно ќе ви се допадне најновата пролетна колекција венчаници на брендот Ruche Bridal.
Колекцијата е инспирирана од женствените фустани од 50тите, 60тите и 70-тите години од минатиот век, со примеси и на стиловите од 20тите и 30тите години на минатиот век.
Деликатните нежни венчаници нудат интересна ретро елеганција, па оваа колекција е одичен избор доколку сакате нешто необично за вашата свадба.












