Поранешната девојка на раперот Kanye West се прошетала во прилично чудно издание.
Старлетата и модел Amber Rose уште еднаш покажа дека може да шокира како и своите колешки. А, што е таа пониско од нив, па да не може да го привлече вниманието на јавноста со нешто чудесно на себе?
И додека другите старлети се определуваат за провокативни изданија, таа се одлучила за урбан изглед.
На една журка во Филаделфија, се појавила облечена во црна, кожна јакна, шарени шалвари, а изгледот со зачинила со мајмунски патики и тоа во буквално значење на зборот. Уверете се сами и од фотографијата. Се прашуваме, дали и ова дојде на ред да биде во мода?!

