Девојка на James Bond е статус и желба на многу актерки ширум светот, а овој пат оваа улога ѝ припаднала на грчката убавица Toniа Sotiropoulou. Таа ќе се појави во новиот филм за агентот 007 со наслов „Skyfall“.
Режисерот Sam Mendez ја избрал токму Гркинката да му биде девојка на Daniel Craig, а тоа за неа значи лансирање на самиот холивудски врв.
– Драги пријатели, сакам и официјално да објавам дека ја добив улогата во најновиот филм за James Bond. Одам во Турција на снимање. Ви благодарам за љубовта и поддршката. Ова е дефинитивно најсреќниот ден во мојот живот, – напишала актерката на својот Фејсбук профил.
– Навистина ќе се потрудам и се надевам дека преку оваа улога ќе ја прикажам мојата земја во најдобро светло, – бил нејзиниот коментар.
Toniа во Истанбул за прв пат ќе се сретне со Daniel Craig.
