Snoop Dogg ја објави својата прва книга со наслов „Rolling Papers“. Ако мислевте дека книгата има содржина за читање, тогаш се лажете. Имено, книгата е преполна со листови за виткање џоинти попознати како „Kingsize Slims“.
На страниците од книгата ги има испечатено стиховите од песните на Snoop Dogg, но ако сте се одлучиле да ги купите ливчињата за виткање марихуана, тогаш повеќе од јасно е дека веќе ги знаете стиховите од песната „What’s My Name“ или од „Still a G Thang“. Кориците на книгата, пак, направени се од коноп.
Дали вие би си купиле едно вакво издание на книга?

