Акните се проблем број еден на чистата и мазна кожа на лицето, но не мора да купувате скапи препарати за да ги отстраните, бидејќи тоа може да го сторите и со природни состојки од секојдневнието. Овојпат ви претставуваме маска од домати која ќе ви помогне да ги елиминирате акните.
Потребно ви е:
¼ излупен домат
1 лажица јогурт
1 лажица алое вера
неколку капки етерично масло
Од состојките направете хомогена смеса и нанесете ја на лицето. Оставете ја да делува околу 10 минути, а потоа измиете ја со топла вода. Повторувајте ја маската 2 пати неделно и за брзо време ќе забележите значителни промени.
