Родителите на децата мораат да им постават јасни граници наместо да ги поткупуваат со предмети, а децата пак мора да сфатат дека тие не се таму за да им служат, туку да ги штитат и учат, изјавува д-р. Mary Bousted.
Се повеќе родителите кон децата се однесуваат како со принцези или принцови. На децата им се потребни граници. Проблем се родителите, кои наместо да одредат што смее, а што не, ги поткупуваат децата само тие да се смират, тврди Mary Bousted од британското Здружение на наставници и лектори.
Децата кои дома немаат граници имаат и проблеми на училиште. Децата кои немаат јасно поставени граници не ги сфаќаат обврските кои им се зададени.
Децата не треба дома да мијат садови, но сепак треба да им се даваат мали домашни обврски, за да сфатат дека родителите не им се слуги, туку лица кои се тука да ги штитат и учат на правилни нешта.
