ШоуБиз

Што е славата за Katy Perry?

Списанието „Teen Vogue“ и понатаму се држи до сината боја на насловната страница и овој пат тоа место ѝ било отстапено на пејачката Katy Perry. Во мајското издание на списанието, Perry освен што позирала во сино, го дала своето мислење и на неколку теми.

Што мисли Katy за модата:

–          Не ја сфаќам модата многу сериозно. Ја обожавам и мило ми е кога големи брендови сакаат да соработуваат со мене. Генерално сакам да испробувам, да се забавувам и да го живеам животот до максимум.

За нејзиниот чуден начин на облекување:

–          Тоа почна кога имав девет години и татко ми ме будеше во седум саат секоја сабота за да ме носи на распродажба. Тогаш не можев да си ја дозволам облеката што ја носеа другите девојки на училиште, на почнав да купувам и носам уникатни парчиња.

За славата:

–          Веќе ми е преку глава да бидам позната. Но, не и од креирање. Славата е пропратен ефект кој ме нервира. Славата е животно со повеќе лица. Може да те сака и потоа да те нападне.

Write A Comment