Убавина

Одберете ја вистинската хидратантна крема

Хидратацијата и негата на лицето се неопходни за добар изглед, без разлика на тоа каков тип на кожа имате. Ние ќе ви помогнеме да ја изберете вистинската хидратантна крема која најдобро ќе одговара на вашата кожа.

Хидратантна крема за масна кожа: Ако мислите дека на масната кожа не и треба хидратација, во заблуда сте. Масната кожа не значи дека кожата има доволно хидратација, па дури и масната кожа може да ја изгуби еластичноста заради недостаток на влажност. За масната кожа изберете хидратантна крема која е лесна и е на база на вода, екстракт од јојоба или етерични масла.

Хидратантна крема за чувствителна кожа: Ако вашата кожа е чувствителна, мора внимателно да изберете крема според состојките, за да не предизвикате алергиска реакција, црвенило или чешање. За чувствителна кожа најдобар избор се креми од природни состојки, како витамин Е, алое вера и билни антиоксиданси.

Хидратантна крема за сува кожа: Хидратантната нега е најпотребна на оние со сува кожа. Бидејќи на оваа кожа и недостасува липид, набавете крема која содржи омега 3 масни киселини, аминокиселини и масти.

Хидратантна крема за мешана кожа: Пронаоѓањето на идеална крема за мешана кожа е едноставно невозможно. Затоа, експертите советуваат да користите два вида крема. На Т зоната ставајте хидратантна крема за масна кожа, а на образите нанесете крема за нормален тип на кожа.

Write A Comment