Новата пролетна колекција на обувки и чанти, нé остави без здив, што е речиси задолжителна реакција кога Gucci е во прашање. Оваа Пролет, повторно се модерни малите clutch чантички во весели бои, односно повторно ќе бидат актуелни и плетените и кожни чанти. Од боите доминираат виолетовата, сината и розовата и неодоливиот зебра принт.Кожа во боја, цврсти рачки и кожни испакнати џебови, дополнително ја освежуваат оваа колекција.
Ништо помалку не можеше да се очекува и од обувките. Салонки, сандали и платформи во слична боја со чантите, можете да комбинирате за секоја прилика. Gucci овој пат се погрижи колекцијата да содржи и ултра елегантни обувки и обувки за дневни, опуштени варијанти. Вртоглави потпетици, широки ремчиња и сите нијанси на златна боја е она што доминира во последнава колекција од Gucci…
Останува да уживаме во галеријата и со нетрпение да ја очекуваме следната колекција…














