ШоуБиз

Kylie Minogue си го заборавила текстот на настап :)

Пејачката Kylie Minogue (43) имала сериозен проблем со текстот од своите песни кога настапила во лондонскиот Hammersmith Apollo.

Убавата австралијанка ги заборавила зборовите од песната „Give Me Just a Little More Time“, па ѝ дозволила на публиката да ја одведе до крајот на песната со коментар кој гласел:

– Стварно ја упропастив песната. Фала ви што ми помогнавте да ја испеам до крај!

Турнејата со наслов „Anti Tour“ е замислена на тој начин што пејачката ги изведува оние песни кои досега најретко биле изведувани и тоа од различни периоди на нејзината кариера.

Погледнете како сето тоа се случило:

Write A Comment