Овој млад актер, кој последно својот глас му го позајми на еден од ликовите во анимираниот филм „Lorax“, очигледно не си го затегнал доволно ременот од панталоните, па за малку ќе останел без нив.
Zac Efron го прошетал своето секси тело на терасата од хотелската соба во Сиднеј. Младиот актер моментално го промовира својот најнов филм „The Lucky One“, кој во американските кина треба да се појави на 20-ти Април.
Имајќи го тоа на ум, јасно е дека дечкото сакал да добие малку потемна боја, па шетал без маичка по терасата. Уживајте во полуголите фотки!



