ШоуБиз

Дали ја препознавате Hathaway?!

Американската актерка Anne Hathaway (30) радикално ја променила фризурата и тоа предизвикало големо внимание кај јавноста бидејќи никој не е навикнат на такви драстични промени од прилично повлечената актерка.

Се чини Anne одлучила конечно да го смени таквиот имиџ. Згора на тоа, таа е видена како во 3 часот наутро го напушта ноќниот клуб „The Box“ во Лондон каде девојките кои танцуваат се соблекуваат голи на сцена.

Сепак, за новата фризура има и причина. Актерката интензивно се подготвува за нејзината улога во филмот „Les Miserables“  каде ќе го игра ликот на Fantine. Освен кратката коса, Anne морала и значително да ја намали својата тежина, па внесувала по 500 калории помалку на ден.

Write A Comment