ШоуБиз

Bieber ја прошета Selena со новиот спортски автомобил!

Тинејџерската ѕвезда Justin Bieber е вистински џентлмен кога станува збор за однесување со девојка. Тоа го потврди кога ја однел својата девојка Selena Gomez на романтично возење со луксузниот автомобил.

Младиот и атрактивен пар се прошетал низ Холивуд, а по пат застанале да си купат и храна од еден ресторан за брза храна. Она што го привлекло вниманието на сите е секако спортскиот автомобил на Канаѓанецот, Fisker Karma во металик сива боја. Иако Justin се обидел да се сокрие позади очилата за сонце и црното капче, кој не би забележал таков луксузен автомобил.

Автомобилот вреди 116.000 долари, а пејачот го добил како подарок од својот менаџер.

 

Write A Comment