Ако Axl Rose и новата светска поп сензација Lana Del Ray навистина се состануваат, тогаш тоа е новост и за гитаристот на „Guns N’ Roses“ – DJ Ashba. Тој е убеден дека двајцата наводно заљубени се само пријатели, иако го нашуштиле „Chateau Marmout“ во западен Холивуд заедно, изминатиов викенд.
Кога во петокот си заминале заедно накај дома, 25-годишната Lana и 50-годишниот Axl веднаш потикнале лавина коментари и написи.
Но, и покрај доказите, Ashba вели дека не верува оти двајцата музичари се заедно, но тврди дека Axl сигурно има добро објаснување зошто би сакал да помине некое време насамо со Lana. Според него, најверојатно се работи за професионална соработка.
