Убавина

Техники на шминкање за ефект на покрупни очи…

Може да се каже дека очите се највпечатливи и најважни на целото лице, бидејќи сме склони луѓето да ги гледаме во очи додека разговараме. Постојат трикови кои помагаат очите да изгледаат поголеми.

Инструкции:

Што Ви е потребно ?

– Ајлајнер

– Светла сенка за очи

– Темна сенка за очи

– Маскара

– Вештачки трепки

1. Користете ајлајнер само за надворешноста на окото. Не го нанесувајте во внатрешноста на рабовите.

2. За да не се познаваат силни линии од ајлајнер, ублажете ги со стапчиња за уши.

3.Избегнувајте да го цртате долниот капак со ајлајнер. Наместо тоа започнете линија од почетокот на растот на трепките или од средината на горниот капак.

4. Користете светла сенка на горниот капак, до веѓите. Тоа ќе го отвори окото. Потемната нијанса на сенка ставете ја на рабовите.

5. Размислете и за вештачки трепки, кои ќе дадат дополнителен, наивен изглед на Вашите ширум отворени очи. Сепак, користете некои со поприроден изглед.

6. Користете виткач на трепки пред да нанесете маскара.

7. Ако кафеавата маскара не го дава посакуваниот ефект, користете црна.

Write A Comment