Мода

Dior Resort 2012 година… Најава за фантастично лето !!!

Dior овој пат претстави прекрасна колекција за наредната сезона која содржи шик, класични и лежерни модели кои даваат посебен шарм инспириран од шеесеттите години на минатиот век…

Покрај дневните варијанти и лесните комбинации, во колекцијата Dior Resort 2012 се присутни и вечерни коктел фустани, елегантни летни шешири од трска, тиркизно сини кожни торби, беж и пудра боја нијанси, како и најнови модели на рамни сандали .

Од обувки за летната сезона, Dior се одлучи за римјанките, кои и понатаму остануваат тренд за секој ден, но и сандалите со високи потпетици и со многу ремчиња. Накитот е масивен и богат, односно ги надополнува еднобојните комбинации и ги прави елегантни и свечени.

Write A Comment