Убавина

Најголемите митови за косата

Честото кратење на косата прави таа да расте побрзо!

Косата расте околу еден сантиметар месечно, без разлика дали ја шишате или не. Со шишањето само ќе ги отстраните распуканите врвови и косата ќе изгледа поздраво.

Може да ги поправите распуканите врвови!

Кога косата ќе се распука ништо не може да ги залепи пукнатите делови. Единствена работа која може да ја направите е да се шишате и да користите силиконски капки за да ја заштитите од пукање.

Фарбањето ја оштетува косата!

Денешните бои за коса се доволно нежни да не ја оштетат косата. Тие содржат посебни балзами кои прават косата да биде полесна за обликување.

Миењето со ладна вода прави косата да има поголем сјај!

Ладната вода нема никаков ефект врз сјајот на косата. Внимавајте на исхраната, и маските кои ги користите, тие се пресудни за квалитетот на косата.

Write A Comment