Убавина

Маска од какао и кафе за сите видови кожа

Мешавината од мелено кафе и какао ќе ја освежи и исчисти вашата кожа, а при тоа ќе и даде сјај. Подгответе ја оваа прекрасна маска и почувствувајте го ефектот на сопственото лице.

Измешајте 4 лажици мелено кафе, 4 лажици какао, две лажици мед, две лажици млеко, лимонов сок, една белка и половина банана. Од оваа смеса направете густа смеса која ќе ја нанесете на лицето, вратот и деколтето. Оставете нека делува 20 минути.

Маската содржи голема количина на минерали и витамини. Кога ќе ја нанесувате со кружни движења масирајте ја кожата. На тој начин ќе направите благ пилинг и ќе и овозможите на маската длабоко да навлезе во порите.

 

Write A Comment