Храната која ја ревитализира кожата истовремено ги спречува брчките!!!
Прехранбените навики на големо влијаат врз изгледот на Вашата кожа. Експертите се едногласни во ставот дека кремите и препаратите кои се користат за да се достигне посакуваната цел здрава и убава кожа се чиста маркентишка лага која има свое објаснување а тоа е профитот. Но едногласноста не завршува тука… Имено сите оние поборници за здрав живот се гласни во своите ставови дека храната која ја консумираме е најдобриот начин да го псотигнеме она што го сакаме од нашата кожа.
Затоа пробајте да ги избегнувате кремите и козметичките препарати и префрлете се кон здрава храна и ефектот ќе биде 100 проценти подобар.
Пред Вас се ТОП 3 прехранбени продукти кои со сигурност ќе Ви помогнат да се откажете од козметиката.
Убавина од морето
Благодатите на морето се најголемиот сојузник на здравата кожа. Цинкот во школките и масните омега 3 киселини во рибата на неверојатен начин ја ревитализираат кожата со тоа што го регулираат природното оптимално количество на Кологен. Затоа „навалете“ на убавината од морето.

Витаминоза
Витаминот Ц е изразито битен за кожата и затоа во прехраната дефинитивно треба да ги внесете плодовите кои содржат големо количество на природен Ц витамин. Портокалот, лимонот и сите агруми содржат огромно количество витамин Ц кој во организмот делува како антиоксидант кој ги неутрализира слободните радикали и на тој начин се спречува создавањето на брчките, а со самото тоа и стареењето на кожата.

Јаткасти овошја
Нежната и млада кожа е предизвик за секоја жена, а тој предизвик станува реалност само доколку имате навика да консумирате јаткасти овошја. Тие се богати со витамин Е со што кожата е спремна да се спротивстави на сите надворешни зрачења и временски влијанија.

