Дизајнирана од страна на Alexey Pajitinov, играта „ Тетрис “ маѓепса многу луѓе во текот на годините на нејзиното создавање.
Преку манипулирање случајни секвенци на мозаик парчиња наречени „ Тетримос “, цента е да се пополни слободниот простор, совршено склопено. Таков е и мебелот инспириран од оваа игра. Дизајниран од лисабонскиот дизајнер Педро Мачадо, ова решение за мали простори си зеде предизвик да ја реши „ Тетрис “ загатката, дизајнирајќи прекрасен мебел.
Сите делови на мебелот можат да се повлечат и да креираат различен мебел – два квадратни блока на секоја страна и рамна површина на врвот, кој за миг се трансформира во маса со две столици. Други елементи се фиоките во кои можат да се сместат различни предмети…
Целокупниот дизајн му овозможува на корисникот да комуницира со овој мултилатерален дел од мебелот и да ја персонализира функцијата…





