Дестинации

Тенерифе… островот на коктелите, бескрајното синило и среќата !!!

Тенерифе е шпански остров, најголем од седумте Канарски острови во Атланскиот океан, близу брегот на Африка…

Близината на африканскиот континент, климата ја прави блага, со температури кои ретко се спуштаат под 20 степени Целзиусови во текот на целата година. Импресивната историја на градот, преубавите плажи, кристалното море се одлични услови за спортови на вода или параглајдинг. Оваа туристичка атракција на годишно ниво ја посетуваат во просек 4 милиони туристи од целиот свет, односно 7 милиони домашни туристи.

Островот на среќата, како што го нарекуваат поради неговата убавина, без царинска зона, коктели, ноќен живот и  услови за незаборавен помин спаѓа во 20те најпосетувани светски дестинации. Тенерифе располага и со природни убавини, од кои се издвојува планината со врвот Теиде. Врвот, симболот на Тенерифе, практично цела година е покриен со снег, така што повеќе од јасно е зошто буквалниот превод на островот значи „ бела планина“.

 

Write A Comment