ШоуБиз

Зошто ѝ ги намалиле градите на Love Hewitt?!

Актерката Jennifer Love Hewitt во филмот со наслов „Client List“ има улога на мајка која станува проститутка и за потребите на филмот направени се неколку фотографии. Сепак, уредниците на списанието „Lifetime“ одлучиле дека нејзините гради се преголеми, па решиле да ги поправат во Фотошоп.

–          Некој ми испрати копија од сликите и навистина се запрашав што се случило. Не знам што е работата, но некој таму очигледно сака да си ги намалам градите, – изјавила актерката во едно интервју за „Entertainment Weekly“.

Актерката исто така се огласила и во списанието „Maxim“ каде тврди дека си ги обожава градите и дека не ѝ е јасно зошто некој би ги смалувал.

Случајот на Hewitt не е единствен од ваков вид. На актерката Kira Knightly значително ѝ го зголемиле деколтето за потребите на постерот за филмот „Крал Артур“, но за среќа, тогаш никој не се пожалил.

Write A Comment