За прв пат во историјата на списанието „Elle“, насловната страница ќе ја краси машки лик. Честа му припаднала на познатиот фудбалер David Beckham.
Од „Elle“ најавиле дека јулското издание на списанието ќе биде првенец и на насловната ќе се најде маж. Уредниците сметаат дека Beckham е вистинскиот избор, бидејќи од една страна е маж со стил, а од друга страна е успешен спортист.
– David Beckham е херој на една нација. Со тоа што одлучивме да го ставиме на насловна, сакаме да ја поддржиме оваа историска и патриотска година (година во која Олимписките игри се одржуваат во Лондон), – изјавила уредничката на списанието Elle Lorraine Candy.
Сопругата на фудбалерот неколку пати се има најдено на оваа насловна, па веруваме дека ќе му даде неколку корисни совети.
– Почестен сум што јас ќе бидам првиот маж на насловната страница на модното списание, – бил коментарот на Beckham.
