ШоуБиз

Eva Longoria е дефинитивно сингл!

Актерката Eva Longoria, која е најпозната по улогата во серијата „Очајни домаќинки“, ги негирала вестите дека се смирила со дечкото Eduardo Cruz и потврдила дека е сама.

Eva исто така проговорила и за серијалот кој ја прослави и дека не е сигурна како тој ќе заврши. Сепак, открива дека ќе соработува со продуцентот Marc Cherry на новиот пилот проект „Devious Minds“ заедно со Rosalyn Sanchez и Susan Lucci.

–          Во серијата се зборува за четири куќни помошнички и нивните газди, како и за односите помеѓу нив. Серијата е забавна и драматична. Слично на „Очајни домаќинки“, но со латино стил и занимливости, – изјавила актерката.

Longoria тврди дека ужива во статусот сингл.

Write A Comment