Она што малото црно фустанче значи во женската мода, тоа значење го има белата кошула во машката мода. Тоа е парче кое едностано мора да го имате. Во последниве неколку сезони видовме дека таа беше неизоставен дел од речиси секоја колекција наменета за нас мажите.
Белата кошула е симбол за машката елеганција, неизоставна е за убав елегантен, деловен изглед, во комбинација со џинс е одлична за дневните излегувања… Предноста на белата кошула е тоа што може да ја носите во секоја пригода и да ја комбинирате со се, за неа не важат правила.
