Компанијата „Evofurniture“ од Лос Анџелес во својата понуда на артикли нуди душеци, столици и гарнитури за седење кои го носат името на актерот и режисер Clint Eastwood.
Столиците „Clint“ и „Eastwood“ дури се рекламираат и со сликата на легндарниот Оскаровец и со слоганите од неговите филмови.
Eastwood побарал од компанијата да престанат да ја користат неговата слика и називите на неговите филмови, како и да му исплатат отштета за нелегалното користење на неговото имe. Сумата која тој ја бара, засега не е позната.
Од компанијата се немаат огласено по повод тужбата поднесена во Лос Анџелес.
