ШоуБиз

Katherine Heigl за посвоената ќерка…

Кога Katherine Heigl и нејзиниот сопруг Josh Kelley ја посвоиле 10-месечната Naleigh од Јужна Кореа во 2009 година, новопечената мајка очекувала дека врската со ќерката ќе биде цврста и длабока уште од самиот почеток.

–          Луѓето секогаш зборуваат за цврстата врска помеѓу мајката и ќерката, тоа е некаква магична поврзаност, но кај мене не се случи такво нешто, – изјавила актерката во едно интервју.

Првите денови по посвојувањто за Katherine биле многу тешки и таа упорно се борела да биде прифатена од малата Naleigh. Одбивањето на бебето речиси ѝ го скршило срцето на актерката. Тогаш таа интензивно намалила со работа и одлучила да му се посвети на бебето.

На почетокот Naleigh побрзо се навикнала кон таткото, но сега кога малата има 4 години, Katherine е пресреќна што тоа што од секогаш го барала станало реалност со текот на времето.

Write A Comment