Со добрата фризура, шминка и облека морате да внимавате и на изборот на добар маникир. Најважно е вашите нокти да се уредни. За да го направите маникирот почнете со омекнување на ноктите. Во топла вода ставете малку гел за туширање и потопете ги ноктите во водата барем 5 минути. Кога ќе омекнат ќе биде многу полесно да ги отстранете кожичките и да ги истурпијате ноктите.
Потоа ставете ги ноктите во лимонов сок или во половинки лимон за да се стегнат. Така ќе добијат на цврстина. Обликувајте ги со турпија и преминете на лакирањето или на стикерите кои веќе ни се и нам достапни. Може слободно да експериментирате со боите кога е во прашање лакот за нокти. Бидете креативни и одбирајте романтични детали.

