Ќерката на неодамна починатата Whitney Houston постојано ја шокира јавноста, а има само 19 години. Откако се рашири веста дека е во врска со посвоениот брат, сега се шушка дека таа има сериозен проблем со наркотиците.
Јавноста била запрепастена кога на интернет се појавила снимка на која јасно се гледа како Bobby Christina се дрогира. Таа се забавувала со друштвото, а во видеото кое е направено минатата година се слуша како Christina бара запалка од другарот за да го запали „бонгот“.
Иако семејството никогаш јавно не призна дека тинејџерката има проблеми со дрогата и алкохолот, и дека таа еднаш одела на рехабилитација, на објавените слики јасно се гледа како Bobby Christina шмрка кокаин.
