ШоуБиз

„Ѕверка“ се ожени! :)

Популарниот актер скрши безброј женски срца пред да ѝ го каже судбоносното „да“ на својата долгогодишна девојка.

По десет години врска со девојката Tara Wilson, актерот Chris Noth, нам попознат како „Ѕверка“ од серијата „Сексот и градот“, одлучил дека е вистинско време да застане пред олтарот.

Во серијата, актерот игра вечен ерген кој се има заколнато дека никогаш повеќе нема да се ожени, но како и во самата серија и во вистинкиот живот тој се вразумува и го кажува судбоносното „да“. Актерот има 57 години, а неговата жена 27 помалку. Го имаат заедничкиот син Orion кој им се роди во 2008 година. Интимната венчавка се одржала на Хаваите на 6-ти Април.

Write A Comment