ШоуБиз

Penelope Cruz не ја сака славата!?

Актерката Penelope Cruz во најновиот број на списанието „Harper’s Bazaar“ открива дека се смее сама со себе, дека го обожава Woody Allen и дека никогаш не би ги израснала своите деца во Лос Анџелес.

–          Сега кога сум мајка мора помалку да работам. Можеби ќе снимам еден филм оваа година, а еден наредната. Сега имам други приоритети. Сепак, не сакам моето дете да порасне во Лос Анџелес. Од тука имам многу спомени, некои се лоши, а некои добри. Ова не е соодветно место за одгледување деца, – вели актерката.

Актерката има соработувано со режисерот Woody Allen и за него вели:

–          Обожавам да сум покрај него. Понекогаш го гледам како режира и додека го местат светлото за наредната сцена, тој заспива. Јас го сликам, бидејќи заспива во најразлични позиции. Ми е страв да не падне од столот, но најмногу се смеам кога ќе се пробуди и сфаќа дека скоро сите го фотографираат.

Cruz додава и дека не го сака вниманието на јавноста. Таа постојано се труди да остане незабележана. Избегнува места на кои може да ја фотографираат. А, тука погледнете ги фотките од едиторијалот за списанието.

Write A Comment