Убавина

Како до преубава фризура

Еве начин на кои ние го изведовме процесот… Ова се примери за цврста коса  со природна форма. За да се направи ваквата интервенција потребно е да не биде сосема исушена, туку да се остави сама да се исуши. Добро е да се измива на секои 3 дена а најдобри кадрици се прават на свежо измиената коса, бидејки тогаш е најмека, и најлесно се витка.

Па еве ги примерите, погледнете и следете не:

Доколку имате коса која тешко се витка, можете да ставите пена и да ја виткате кога ќе биде полу сува. Прво се почнува од врвовите со виткање а потоа се продолжува нагоре. За да стои, на кадриците најдобро е да се стави лак за коса. За да се навитка дното на косата има 2 процедури на процесот. Едната е да се зафати процесот од темето наназад, почнувајки од над челото, а другата е од крајот на праменот, до коренот. Само се зафаќа косата околу виклерот и при тоа не се користи шнола. Треба да се остави кадрицата да се лизне низ фенот и да се оладува полека во вашите раце, па дури потоа да се остави да падне слободно.

На крајот, се нанесува сјај за коса и да се нанесе со рака дел од лакот. На темето и на горниот дел, се зафрла косата наназад по темето и се остава да стои. На тој начин на косата ќе и се даде обем и пообликуван изглед. Се остава по неколку сантиметри помеѓу темето и кадриците. За да можат слободно да паѓаат и да се оформат, според обликот на лицето. Така изгледот е природен и полн со свежина.

Доколку вашата коса е долга, таа полесно ќе се намести и ќе зафати положба, кадриците ќе се подисправат и ќе имаат подобар изглед. Можете да нагласите еден дел, странично, со тоа што ке му направите една посебна целина. Не стегајте премногу, доволно е само да ја зацврстите за да се оформи косата во венче околу косата.

Најдете место позади, каде праменот ќе го зацврстите и ќе назначите да ви одговара во останатиот стајлинг.

Write A Comment