Конечно светна сонцето и ги врати боите засенети од зимското тмурно расположение. Освен добро расположение пролетта оваа година ни донесе и многу ведри бои кога е во прашање уредувањето на домот. На располагање имаме многу весели бои кои можат многу да допринесат за позитивна енергија во домот.
Доколку не сте спремни за големи промени, тогаш пробајте со деталите. На пример нови перничиња во весели бои, столчиња или табуретки, светилки, или пак некој тапет во одреден дел од домот.






