Art & Crafts

Дали вашата личност ве прави дебели???

Иако не можете да го променете тоа што сте, можете да ја надитрите желбата за храна.

Истражувањата покажаа дека имате поголема шанса да сте дебели ако:

САКАТЕ ВОЗБУДУВАЊА

Една анализа која опфатила податоци од околу 200 луѓе во перод од 50 години, открила дека луѓето кои копнеат по возбудувања имаат поголеми шанси да се дебели. За да го спречите тоа, обидете се да останете активни и вежбајте цел живот.

ЗБОРЛИВИ СТЕ, НЕ СОСЛУШУВАТЕ ДРУГ , НОСЕТЕ ОДЛУКИ ВЕДНАШ

Не е за чудење што импулсивните луѓе брзо јадат и имаат шанси да се дебели, но малку е чудно колку тие килограми брзо се таложат: една студија откри дека оние кои во 10 проценти биле најимпулсивни на тестирањето на личноста во просек биле за 10 килограми потешки од оние кои биле во подолните десет проценти.

Откријте го тоа на кое не можете да му одолеете, било да се работи за некој колач или печиво од пекарницата, и направете се да се спротивставете. Променете го однесувањето и позанимавајте се со нешто што ќе во го одвлече вниманието (на пример поразговарајте со колегата).

ЧЕСТО ГО ЗАБОРАВАТЕ ОНА ШТО СТЕ ГО ПЛАНИРАЛЕ

Оние кои по природа се педантни и сакаат ред склони се да бидат послаби од другите луѓе кои учествувале во анализата за скоро 5 килограми, покажало едно испитување. Неорганизираните луѓе често имаат и нездрави навики, на пример го прескокнуваат ручекот, пијат пиво или имаат навика да јадат било што од фрижидерот.

Корисно за овој тип на личности е тие да се наведат  да јадат дури и тогаш кога мислат дека немаат време за тоа. Би требало дома или во канцеларија секогаш да имаат некои здрави грицки ( на пр. бадеми или фстаци, јогурт или посно сирење ) за да спречат да не огладнат премногу и да потоа направат лош избор на храна.

САКАТЕ СЕКОМУ ДА УГОДИТЕ

Студијата откри врска меѓу пријатноста и друштвеноста на личноста и поголемиот индекс на телесната маса, посебно кај жените. Добродушните луѓе се мераклии за слатки и се во состојба во друштво да претераат со храна која инаку ја избегнуваат, бидејќи веруваат дека на другите така им е попријатно.

Добра вест е дека еден ред чоколадо дневно нема да ви штети. Ако вашите планови за здрава исхрана се загрозени од страна на вашата пријателка која има лош ден и сака да го подели сладоледот со вас, предложете и друго уживање: однесете ја на педикир.

Write A Comment