Девојките кои се во потрага по венчаницата од своите соништа, често се во недумица oколу изборот, сакаат тоа да биде најубавата венчаница. За подобро да ве доближиме до решението, ви го упатуваме следниов совет. Секоја невеста, треба да знае дека венчаницата која ќе ја одбере, не само што треба да е единствена, туку и дајдобро да го отсликува нејзиниот карактер.

За секоја девојка постои венчаница која и прилега најмногу. За дамите кои во своето детство се замислуваа како принцези, за нив најмногу прилегаат венчаници кои се долги, брановидни од сатен и свила.
Дамите кои сакаат најмногу екстраваганција, се одлучуваат несомнено за фустани кои потсетуваат на сирена, односно тие се широки на струкот а се стеснуваат по должината надолу и се спуштаат до подот. Горниот дел на тие венчаници, може да биде во стил на корсет, кој би го потенцирал струкот, или со бретели кои се врзуваат околу вратот.

Покрај принцезите и сирена венчаниците постојат А – линија венчаници. Таквата венчаница е нешто посмирена и ја следи линијата на телото , а горниот дел може да биде во облик на срце.

А за боите на венчаниците, покрај белата , постојат и боја на шампањ, слонова коска, бебешка розева дури и црна боја , како на моделите од креациите на Вера Ванг.

