Ова е одличен посен десерт
Потребни состојки:
– 10 портокали
– 4 шолјички ориз
– 200 гр суво грозје
– 300 гр вишни
– половина лажица густин
– цимет
– шеќер
Подготовка:
Исцедете го сокот од портокалите и изрендајте малку кора од портокал. Во оваа смеса варете го оризот и шеќерот. Кога ќе се излади малку ставете го сувото грозје. По желба може да ставите и бадеми или ореви. Ставете ја смесата во чинија да се стегне и да се обликува. Вишните сварете ги со малку шеќер и густин. Со нив прелијте го сутлијашот.
