Сојата е одлично средство во борбата против стареењето поради нејзините превентивни и терапевтски состојки. Повеќето симптоми поврзани со стареењето се поврзани со изумирањето на клетките и намалување на хормоналните функции како и проблеми со циркулацијата. Сојата помага со сите овие ситуации.
Сојата содржи изофлавони кои помагаат во намалувањето на холестеролот во крвта, а со тоа олеснување на протокот на крв низ телото. Сојата е одличен извор на растителни естроген, хормон кој на жените им помага да ја задржат својата убавина и женственост. По менопаузата, драстично опаѓа лачењето на естроген и кај жените почнуваат да се забележуваат знаци на побрзо стареење. Сојата го надополнува недостатокот на естроген, што помага подолго да се задржи младешкиот изглед.
Сојата е одличен извор на протеини кој им помага на клетките да ја задржат својата сила и го намалува степенот на нивно изумирање. Штом клетките живеат подолго, стареењето не се забележува однадвор.
Бројни креми и креми за подрачјето околу очите содржат екстракти од соја, па така сојата можете да ја користите и како козметичко средство. Протеините од сојата ќе го усогласат колагенот во вашата кожа кој ја прави кожата поцврста и ќе го спречи создавањето на брчки.
