Убавина

Најчестите лаги за убавина кои ги слушаме од познатите

Ѕвездите секогаш имаат корисни совети во врска со убавината, но јасно е дека тоа што го кажуваат не е баш точно. Овие се најчестите лаги што ги слушаме од познати личности:

Блескам благодарение на новата вегетаријанска диета  – Многу ѕвезди ја фалат оваа диета, така што на најпро помислуваме дека тоа е она што навистина ни е потребно. Но, ако го погледнете самиот план на исхрана за време на вегетеријанската диета ќе видите дек тоа е малку повеќе комплицирано.  Повеќето лекари се согласуваат дека најдобро е да го слушате вашето тело. Некој навистина се вклопува таква диета, но кај другите, истата може да предизвика проблеми.

Ова е мојата природна коса – Секој  знае дека ѕвездите го користат екстензии, само не сакаат да зборуваат за тоа. Покрај тоа, пред секое излегување на црвениот килим нивната коса со часови е во рацете на врвните фризери кои секое влакно го доведуваат на свое место.

Јас немам шминка – Ова веројатно сте го слушнале многу пати, но сепак, врвните шминкери, признаваат дека им треба повеќе време за некој да нашминкаат така што тоа да изгледа како немаат шминка, отколку гламурозната шминка.

Ми треба 12 часа сон за да изгледам добро – Не сме сите исти и не секој има потреба од истиот сон. Нормалното време за спиење е обично помеѓу 6 и 9 часа, но 12 е малку премногу. Повеќето луѓе тоа и не можат да си дозволат, но експертите велат дека премногу спиење го има истиот ефект и може да ви наштети исто како и недостатокот на спиење.

По породувањето, моето тело брзо се врати во нормала – Вистината е дека повеќето ѕвезди брзо ги губат килограмите, но ретко признаваат колку многу се одрекуваат поради тоа. Кејт Хадсон призна дека по породувањето вежбала по 3 часа на ден. На просечна жена без некои компликации за време и по породувањето со здрава исхрана, осум часа сон дневно, вежбање 3-4 пати неделно ќе и бидат потребни осум месеци до една година да се врати во форма.

Write A Comment