Да се живее во еден ваков апартман е како да сте го собрале целиот луксуз и среќа во светот. Со над 2000 квадратни метри чист луксузен простор за живеење, овој апартман се простира на врвот на две згради во космополитската област Нотинг Хил во Лондон. Крововите од двете згради се поврзани со помош на стаклен мост кој создава фантастична модерна флексибилност што ќе им овозможи на идните жители да уживаат во најдоброто од врвната архитектура.
Опкружен со стакло, овој неверојатни стан има 5 спални, 4 бањи и 3 приемни соби. Секој детаљ кој може да се види во овој извонреден лондонски апартман – од хај-тек опрема па сè до големите осветлени простории – е внимателно и креативно поставено за да се обезбеди најдобриот животен простор на располагање. Сјајно дизајнирани од страна на архитектското студио Richard Hywel Evans Architects – луксузниот стаклен апартман може да се купи за 7.850.000 фунти.
Претпоставувам дека во цената е исто така вклучено и чувството на среќа и исполнување.
Дали се замисливте себе си како живеете тука? Јас, да…

















