Мода

Модни трикови: Како да ја издолжите вашата фигура и да изгледате повитки?

Високите потпетици и платформата се проверен начин да пораснете неколку сантиметри, но постојат уште некои трикови со чија помош ќе ја издолжите вашата фигура.

Високи потпетици

Високите потпетици се решение за сите проблеми. Освен што ќе изгледате 10-тина см. повисоки , со соодветните чевли и сандали можете да ги симнете и непотребните килограми. Платформата се вклопува со панталоните со продолжени ногавици- трапез кои ги покриваат чевлите.

Од друга страна, со кратки панталони бирајте отворени класични салонки.

Бои

Боите играат важна и значајна улога во визуелните игри. Ако сакате да ги истакнете нозете, носете шорцеви и сукњи во склад со бојата на чевлите. Било да станува збор за светли тонови или неизбежната црна боја. Оваа комбинација ќе ја стави во прв план вертикалната линија на вашето тело, па со самото тоа визуелно ќе ја издолжи вашата фигура.

Дезени

Дезените со вертикални пруги или било каков мотив кои се шири во вертикала  истовремено ја издолжува вашата фигура. Сличен ефект имаат и фустаните кои во средината имаат посветла нијанса или боја , а на надворешните делови(кукови и струк)потемна боја.

Кроеви

Исто како и пругите и маиците со длабоко деколте, ја нагласуваат вертикалата на вашето тело. Сукњите мораат да бидат до над колена, а панталоните со ѕвонести или издолжени ногавици. Сакото или јакната требаат да бидат со подолга кројка.

 

 

 

Write A Comment