Убавина

Ослабете со јаболко

Овошјето е здраво, а јаболките имаат посебни својства бидејки не само што не заштитуваат од болести, туку и помагаат при слабеењето. Редовното јадење на кралицата на овошјето е еден од влијателните природни начини за согорувањето на калориите. Јаболкото пред вежбање дава енергија, а трите јаболки дневно можат да гоо убрзаат слабеењето.

Истражувачите ос Свеучилиштето од Рио Де Женеиро, заклучија дека жените кои дневно јадат 3 мали јаболка во комбинација со нискокалорична исхрана, губат многу повеќе килограми од жените кои воопшто не го јадат ова овоштие. Јаболките се одличен залак пред секој оброк, а можат да се сврстат и во оброк.

1.   Помалку калории

1 Јаболко содржи 65 – 70 калории. Нездравите грицки, можете да ги замените со јаболка. Добрата страна е што можете да ги јадете во големи количини и да бидете сигурни дека нема да се здебелите. Доколку не сте баш по јаболките може да помогне и бананата, морковите и краставиците.

2.   Растителни влакна

Влакната со кои се богати овошјето и зеленчукот, го забрзуваат чувството на ситост и на тој начин го спречуваат внесувањето на вишокот на калории. Јаболото е богато со пектном, влакна кои помагаат во  забрзување на метаболизмот. Создаваат чувство на ситост.

3.   Витамини

Храната богата со антиоксиданси, витамини и минерали, придонесува за здравјето и виталноста, дава енергија во текот на целиот ден, и помага во согорувањето на калориите и килограмите.

4.   Вода

Апетитот, и претераната глад се знаци за дехидрација на организмот,а јадењето на јаболките го зголемува внесувањето на вода. Конзумацијата на доволно вода на организмот му дава повеќе енергија и го забрзува метаболизмот. Јаболките се одлични за детоксикација на организмот. Сиромашни со натриум, что помага во елиминацијата на премногу течности во организмот, посебно оние кои создаваат надуеност.

5.   Ниска гликемиска вредност

Содржат многу малку масти и имаат гликемиски индекс 35. Намирниците со висок индекс го зголемуваат  нивото на шеќери во крвта.

Write A Comment