ШоуБиз

Изнајми си селебрити

Ако сакате на вашата забава да присуствува Ким Кардашијан, Лејди Гага…. спремете помеѓу 125.000 и два милиони долари.

Колку и да звучи неверојатно, изнајмувањето на селебрити е составен дел од обврските на познатите. Агентот на познатите Мак Естерман откри дека поедини риалити ѕвезди за појавување на одредена забава, добротворна вечера, или отварање на некој ноќен клуб заработуваат добри пари.

Ким Кардашијан зима 125.000 долари за појавување, додека Лејди Гага за појавување од неколку часа на некоја забава бара 2 милиони долари. Питбул бара 300.000 долари. Нормално има и такви кои не се продаваат, па тука се Том Круз, Ештон Качер… тие за ниедни пари не би се појавиле негде ако не сакаат.

Write A Comment