Доколку сонувате за тоа – вашата коса да изгледа како од рекламните спотови, прочитајте неколку совети за нега на косата со помош на триковите од домашната работилница. Економично и ефикасно, погледнете!!!
Против првут
Дали сте знаеле дека првутот може да предизвика огромна штета на вашата коса и теме.
Време е да го решите тој проблем. Припремете едноставна смеса од лажичка сенф и кокосово масло и со оваа смеса измасирајте го темето. Оставете 5 минути и потоа исплакнете со млака вода и со шампон за коса. Овој третман треба да го практикувате барем 2 пати неделно, се додека не добиете видливи резултати.
Масна коса
Во борбата против масната коса ви препорачуваме рузмарин.
Во лонец, зовријте 3 шољи топла вода и додадете рузмарин. Варете 5 минути. Процедете а потоа шампонирајте и измијте ја косата со водата во која се вареше рузмаринот. Постапката повторувајте ја најмалку 2 пати во неделата.
Сјајна коса
Верувале или не, сјајот на косата може да се поврати со мед. Налејте 3 шољи топла вода во сад и додадете лажица мед. Оставете неколку секунди , медот да се стопи а потоа измијте ја косата со оваа течност. Не е потребно да се испира по оваа постапка.
